Локални избори 2017
Нема прегласување на ниту едно гласачко место
25.10.2017 13:15
Избрани се градоначалници во 45 општини и во Градот Скопје. В недела, втор круг гласање на 1.517 избирачки места каде што ќе се избираат уште 35 градоначалници.

Нема прегласување на првиот круг локални избори во ниту една општина. Државната изборна комисија ги потврди за конечни резултатите, откако Управниот суд ги разгледа и одлучи по сите тужби на политичките партии.
Избрани се градоначалници во 45 општини и во Градот Скопје. В недела, втор круг гласање на 1.517 избирачки места каде што ќе се избираат уште 35 градоначалници.
Во Скопје втор круг ќе има во шест општини: Гази Баба, Кисела Вода, Бутел, Шуто Оризари,Чаир и Сарај.
