ВМРО-ДПМНЕ: Притисок на власта врз Управниот суд

25.10.2017 13:18

Според оваа партија, медиумската хајка која ја спроведуваа телевизиите блиски до СДС, политичкиот прогон на СЈО, но и притисокот од раководство на СДС кое јавно повикуваше смена и кривична одговорност за судиите кои не беа по нивен партиски терк во предизборниот период...

Завчера Управниот суд поради политичкиот притисок кој во изминатиот период го вршеа СЈО, СДС и медиумите блиски до нив, подлегна на притисокот и реши да ги заобиколи законите и да не дозволи прегласување во ниту едно избирачко место каде што ВМРО-ДПМНЕ имаше покренато тужби за еклатантни изборни нерегуларности, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, медиумската хајка која ја спроведуваа телевизиите блиски до СДС, политичкиот прогон на СЈО, но и притисокот од раководство на СДС кое јавно повикуваше смена и кривична одговорност за судиите кои не беа по нивен партиски терк во предизборниот период, се само неколку од многуте примери за притисоци под кои беше оваа институција, но и самите судии во изминатата година.