Берлин: Во неколку рации запленето оружје и муниција

25.10.2017 13:22

Рациите биле спроведени на четири локации во рамките на истрагата поврзана со маж осомничен дека е поврзан со исламски екстремисти.

Германската полиција во повеќе рации во Берлин заплени оружје и поголемо количество муниција, а едно лице е приведено. Рациите биле спроведени на четири локации во рамките на истрагата поврзана со маж осомничен дека е поврзан со исламски екстремисти.

Во рациите уапсен е еден 40-годишен Германец, кој во текот на денот треба да се појави пред суд. Полицијата не прецизира колку оружје и муниција се запленети.