САД повторно ќе примаат бегалци

25.10.2017 14:28

Сѐ уште нема информации за кои 11 земји станува збор. Барањата за лицата од тие земји ќе бидат винателно разгледувани во рок од 90 денови.

Американскиот претседател Доналд Трамп дозволи повторно да се примаат белгаци во САД, но по нови, построги правила за проверка. Тој, исто така, нареди граѓаните од 11 земји, кои САД ги оквалификува како „ризични“, да бидат подложени на екстремни контроли.

Сѐ уште нема информации за кои 11 земји станува збор. Барањата за лицата од тие земји ќе бидат винателно разгледувани во рок од 90 денови.

Азилантите во САД веќе се соочуваат со значително забавено разгледување на нивните барања, кое може да трае и со години.