Анѓушев: За секоја промена во даночната политика ќе се консултира бизнис заедницата
Забелешките што ќе пристигнат на адреса на економскиот тим на владата за пакетот мерки од планот за економски развој ќе бидат преточени во програмата- тврди Анѓушев.

За секоја промена во даночната политика ќе биде консултирана бизнис заедницата- вели вицепремиерт за еконосмки прашања. Забелешките што ќе пристигнат на адреса на економскиот тим на владата за пакетот мерки од планот за економски развој ќе бидат преточени во програмата- тврди Анѓушев.
„Имаат само одредени технички забелешки во делот на нивното прецизирање да бидат појасни и подецидни и полесно применливи. Сите забелешки, ќе бидат прифатени и вградени во програмата што ќе биде преточена во владина програма до крајот на годинава и како таква ќе биде применета во текот на следната година. Се разбира, средства во буџетот се предвидени за оваа програма за следната година“, изјави вицепремиерот Анѓушев.
