Шилегов ја презеде градоначалничката функција
Стариот градски татко Трајановски, задоволен од сработеното и од оставените 834 милиони денари во градската каса. Новиот градоначалник Шилегов најави старт на работата со итни мерки за борба против загадувањето на воздухот.

Примопредавање на функцијата градоначалник на Скопје. Стариот градски татко Трајановски, задоволен од сработеното и од оставените 834 милиони денари во градската каса. Новиот градоначалник Шилегов најави старт на работата со итни мерки за борба против загадувањето на воздухот.
„Ќе работиме во интерес на сите граѓани без разлика на нивното место на живеење, нивната етничка или партиска припадност“, истакна Шилегов, додавајќи дека сите одлуки ќе се носат заедно со граѓаните, граѓанските здруженија и стручната јавност.
Како приоритетно прашање на кое ќе работи Шилегов го посочи намалувањето на загадувањето за што најави интензивно зазеленување на градот, гасификација и изградба на секундарен сообраќаен северен прстен којшто ќе овозможи развој на современите видови јавен превоз.
Досегашниот градоначалник Трајановски посочи дека во изминатите осум години се реализирани низа проекти, консолидирани и финансиски стабилни се јавните претприатија, а во касата на Градот остануваат 834 милиони денари. Му посака на новиот градоначалник успешна реализација на сите проекти од изборната програма и искористување на постоечките капацитети на државните службеници кои работат во Град Скопје.
