Средба Иванов- Туск во Брисел
Покрај интеграцијата на Македонија во ЕУ, се разговарало и за нелегалната миграција. Македонија има капацитет за две илјади мигранти, но тие можат само да транзитираат низ Македонија, рече претседателот Иванов.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска престојува во дводневна работна посета на Брисел, Кралството Белгија. На почетокот на агендата, Иванов се сретна со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Покрај интеграцијата на Македонија во ЕУ, се разговарало и за нелегалната миграција. Македонија има капацитет за две илјади мигранти, но тие можат само да транзитираат низ Македонија, рече претседателот Иванов.
Утре Иванов ќе учествува на 19-годишната сесија на форумот за домашна и глобална безбедност, во рамките на форумот Кран Монтана.
