Јавно обвинителство: Се следат случувањата поврзани со изборите

25.10.2017 15:07

Комисијата, како што соопшти Обвинителството, продолжува и во овој период во континуитет да ги следи случувањата во врска со изборите и гласањето...

Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на Република Македонија апелира до граѓаните, граѓанските организации, лидерите и членовите на политичките партии за време на изборниот процес да се воздржат од преземање дејствија со кои стануваат сторители на кривични дела.

Комисијата, како што соопшти Обвинителството, продолжува и во овој период во континуитет да ги следи случувањата во врска со изборите и гласањето, сѐ до заокружување на изборниот процес.