Метео: До петок потопло, ново заладување од сабота
25.10.2017 15:33
Максималната температура ќе достигне до 21 степен. Скопје утре со температура до 19 степени.

Утрешниот ден во Македонија ќе донесе претежно сончево и ведро време со слаб ветер од северен правец и со повисоки дневни температури од денешните.
Максималната температура ќе достигне до 21 степен. Скопје утре со температура до 19 степени.
Во петок ќе преовладува потопло време, а ново заладување со врнежи од дожд и засилен северен ветер се очекува во сабота.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
