Ахмети: ДУИ е најподдржана сила од Струга до Куманово
Демократската унија за интеграција се претстави пред жителите на Боговиње. Од партијата велат дека остануваат најсилната политичка сила во албанскиот блок. Очекуваат победа на нивниот кандидат за градоначалник на оваа општина.

ДУИ е најподдржана сила со најмногу гласови од Струга до Куманово и Липково, истакна претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на средбата со граѓаните во општина Боговиње. Тој побара поддршка за победа за кандидатот за градоначалник Берза Бејтулаху- Хаки на локалните избори в недела.
Ахмети ги повика политичките структури на посветеност за убедлива победа. Нашите политички опоненти рече тој, се без никакви програми и визии за иднината.
„Стабилноста и демократијата се вредности за кои се ангажиравме, но и премногу инвестиравме. Мислам дека се наоѓаме во многу значаен период за да ги зајакнеме стабилноста и мирот и да ја унапредиме демократијата, но и да зачекориме уште посмело за да ги оствариме реформите во правосудството и владеењето на законите, односно правна држава. Унапредувајќи ги овие вредности. Тоа гаранција дека работата на локалната власт во следниот мандат ќе биде уште поуспешна. Уверен сум дека не изостанува волјата. Партнерството што го направивме после парламентарните избори времето покажува дека за многу проекти сме усогласени. Секако тоа се случува и на планот на взаемната доверба која претхдоно изостануваше. Оваа коалиција е коалиција за победа“, изјави Ахмети.
Лидерот на ДУИ го посети и селото Пирок каде пред присутните рече дека ДУИ од нејзиното основање до денес има инвестирано во создавање кадри кои излегле во пресрет на албанското прашање и на задачите со одговорност на државно ниво.
Фиљана Кока
