Груевски: СДСМ се обидува со сеење страв да ги добиe изборите

25.10.2017 16:42

Коалицијата „За подобра Македонија“ е во Македонска Каменица, Виница, Зрновци и Чешиново- Облешево, откако се претстави во Кавадарци. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски посочи на нерегуларности во изборниот процес. Побара граѓаните достинствено да излезат на гласање. Кандидатот Јанчев ги претстави проектите...

„СДСМ се обидува со сеење страв да ги добиe изборите. Сведоци сме на психолошка војна- притисоци, уцени, закани дека ќе се бркаат луѓе од работа, сведоци на поткуп за гласови. Колку повеќе внесуваат страв, толку повеќе граѓаните им порачуваат оти не им се плашат“, рече лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски на мини- митингот во Ваташа, Кавадаречко.

Според него, во Македонија биле организирани африкански избори, за што полицијата не реагирала, а одговороност мора да има – рече Груевски. Посочи дека додека се прават овие работи, македонската економија оди надолу, има пад на индустриското производство, извозот, девизните резерви, инвестициите и на просечната плата. Пензиите не се зголемуваат, стандардот се намалува, а со тоа расте и сиромаштијата – рече Груевски.

Побара од неопределените, кои не се согласуваат со она што се случува во земјава, да излезат и достоинствено да го дадат својот глас за нив во вториот круг од локалните избори.

Важно е да победиме во Кавадарци, да има нови инвеститори и да растат платите, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Со наша поддршка во Кавадарци, германскиот гигант „Дрекслермаер“, инвестираше 35 милиони евра и во оваа фабрика денеска работат 5.600 лица, компанијата планира да отвори погон и во Куманово, така ќе продолжиме и во иднина- изјави Груевски. Додаде дека ќе обезбедат здрав оброк во училиштата, отпис на долговите за вода и ѓубре за социјално загрозените семејства, граѓаните кои немаат сопствен дом ќе можат да купат земјиште по цена од едно евро за квадратен метар, вети Груевски.

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев ја побара довербата во вториот круг од локалните избори од жителите на Ваташа. Вети дека ќе изгради спомен- куќа со историјата на Ваташа, заедно со галерија и куќа за продажба на сувенири за историјата на ова село.

Ваташа во многу полоши моменти не се предала и нема да се предаде ниту сега – рече Јанчев. Вели дека на 29-ти октомври ќе забележи убедлива победа и вети дека Ваташа ќе му биде приоритет.

Андријана Атанасовска