Турција: Уапсени 58 странци осомничени за поврзаност со ИД

25.10.2017 16:46

Не е позната нивната националност, а локалните медиуми јавуваат дека тие најверојатно ќе бидат депортирани.

Турската полиција спроведе рација против осомничени поддржувачи на Иламска држава во Истанбул, при што уапси 62 лица, од кои 58 странци.

Не е позната нивната националност, а локалните медиуми јавуваат дека тие најверојатно ќе бидат депортирани.

Екстремистичката група Исламска држава е обвинета за повеќе напади извршени во Турција во 2015 и 2016 година, во кои беа убиени стотици луѓе.