Денеска ќе се објават тајните документи за убиството на Кенеди

26.10.2017 10:42

Комисијата која го истражуваше атентатот на 46-годишниот претседател, на 22 ноември 1963 година, заклучи дека го убил поранешниот стрелец на американската морнарица од прва класа Ли Харви Освалд и дека убиството го извршил сам.

Денеска се очекува да бидат објавени тајните документи за атентатот врз американскиот претседател Џон Кенеди. Комисијата која го истражуваше атентатот на 46-годишниот претседател, на 22 ноември 1963 година, заклучи дека го убил поранешниот стрелец на американската морнарица од прва класа Ли Харви Освалд и дека убиството го извршил сам.

Американскиот претседател Трамп минатата недела на Твитер напиша дека доколку добие „дополнителна информација“ ќе објави илјадници тајни документи од националниот архив поврзани со атентатот врз 35-от претседател на САД.