Спасовски: Безбедносната сосотојба во Република Македонија е стабилна
Безбедносната состојба во државава е стабилна, уверува министерот за внатрешни работи Спасовски. Упати апел за мирна атмосфера во вториот круг од локалните избори...

Безбедносната ситуација во Македонија е стабилна, изјави министерот за внатрешни работи Спасовски. Неодамна американските служби излегоа со предупредување дека е можно борци на Исламската држава да изведуваат терористички напади во Македонија.
„Тероризмот не ја одминува Република Македонија, имајќи ја в предвид геостратешката положба која ја има Република Македонија, и имајќи предвид дека извесен број граѓани на Република Македонија се заминти во воените подрачја во Сирија, Ирак, Авганистан. Ова дело е инкриминирано во нашиот закон, во репресивниот дел ние постапуваме и дел од повратниците од воените подрачја за кои што имаше докази и кои беа изведени пред суд, се наоѓаат во затвор“, изајви Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи.
Од МВР не очекуваат поголеми инциденти на гласањето на вториот круг од локалните избори в недела. Полицијата е подготвена да ги спречи. Министерот за внатрешни посочи дека во првиот круг беа регистрирани помал број инциденти.
„Уште еднаш упатувам апел и до граѓаните и до политичките субјекти, да бидат на висина на својата задача и на демократското право за остварување на правото на глас. Политичките партии да не злоупотребуваат било какви институции или инструменти со кои ќе го нарушат изборниот процес“, рече Спасовски.
Поголемата соработка меѓу МВР и 136-те компании за приватно обезбедување во Македонија ќе придонесе за поголема безбедност на граѓаните, беше истакнато на конференцијата на Факултетот за безбедност во Скопје.
Ирина Гелевска
