Уапсени над 120 поранешни вработени во турското МНР

26.10.2017 12:07

Дел од уапсените се товарат дека ја користеле „Бајлок“ апликацијата за испраќање шифрирани пораки, за која турските власти тврдат дека ја користат членовите на мрежата на Ѓулен.

Турската полиција уапси повеќе од 120 поранешни вработени во Министерството за надворешни работи ширум земјата поради нивните наводна поврзаност со Фетулах Ѓулен. Медиумите јавија дека приведените претходно добиле отказ од Министерство за надворешни работи.

Дел од уапсените се товарат дека ја користеле „Бајлок“ апликацијата за испраќање шифрирани пораки, за која турските власти тврдат дека ја користат членовите на мрежата на Ѓулен.

Во Турција по обидот за пуч уапсени се над 50.000 луѓе, додека 150.000 се сменети или суспендирани од работното место во Армијата, но и во јавниот и во приватниот сектор.