ДИК го дистрибуира избирачкиот материјал
ДИК избирачкиот материјал го предава до Комисиите најдоцна во рок од 72 часа пред денот на изборите, а Општинската изборна комисија е должна еден ден пред денот определен за одржување на изборите да го предаде избирачкиот материјал на избирачките одбори.

Државната изборна комисија денеска почна со дистрибуција и примопредавање на доверливиот избирачки материјал до Општинските изборни комисии за вториот круг од локалните избори што ќе се одржи в недела.
Според Изборниот роковник, ДИК избирачкиот материјал го предава до Комисиите најдоцна во рок од 72 часа пред денот на изборите, а Општинската изборна комисија е должна еден ден пред денот определен за одржување на изборите да го предаде избирачкиот материјал на избирачките одбори.
Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 29-ти октомври, на 1.517 избирачки места во 35 општини.
