Груевски: Да се надминат бариерите меѓу домашните и странските компании
17.02.2014 13:31
Владата ќе биде отворена кон бизнис заедницата и најверојатно ќе ангажира странска корпорација која ќе помогне да се симне бариеарата во остварување на деловните контакти, најави Груевски.

Стапката на деловна соработка помеѓу домашните компании и странските инвеститори е на незадоволително ниво и потребно е унапредување на соработката и да се остварат повеќе контакти, оцени премиерот Никола Груевски на денешната презенатација на работата на околу 20 странски инвеститори пред домашните компании, кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи.
Владата ќе биде отворена кон бизнис заедницата и најверојатно ќе ангажира странска корпорација која ќе помогне да се симне бариеарата во остварување на деловните контакти, најави Груевски.
На денешната средба со домашните компании странските инвеститори ќе ја презентираат нивната работа и ќе ја нагласат потребата од производи и услуги за добавување од страна на македонските компании.
Сузана Фиданска- Стоевска
