ВМРО- ДПМНЕ: МВР молчи за изборните криминали
Како што рече Оливер Андонов, министерот за внатрешни и потпретседател на СДС, го злоупотребува Министерството вршејќи закани врз кандидатите за градоначалници на ВМРО- ДПМНЕ.

МВР замижува пред јавно обелодените закани, уцени и поткуп на изборите, обвинија од ВМРО- ДПМНЕ. Како што рече Оливер Андонов, министерот за внатрешни и потпретседател на СДС, го злоупотребува Министерството вршејќи закани врз кандидатите за градоначалници на ВМРО- ДПМНЕ.
„Секој ден по завршувањето на првиот круг од локалните избори граѓаните сведочат за очигледен поткуп и закани во разни населени места. Демир Капија, Штип, Гази Баба, Македонска Каменица се градовите каде што се врши дрзок поткуп на гласачите со прехранбени продукти, а МВР не превзема апсолутни ништо иако е присутно на терен. Со тоа МВР и партиската полиција на Заев и Спасовски се става на страна на криминалот“, изајви Андонов.
Професионалците во МВР се маргинализирани, а партиските послушници се сликаат по митинзи и штабови. Сакаме да ги предупредиме дека никој не е вечен и дека и оваа власт на СДС бргу и срамно ќе замине, велат од опозициската партија.
