МВР и Обвинителството истражуваат кој бил логистика на Грујевски и Бошкоски
26.10.2017 13:35
Министерот Спасовски рече дека имаат многу податоци, но информациите не се за споделување со јавноста...

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека ресорот, заедно со Обвинителството, истражуваат кој бил логистика на поранешните вработени во УБК, Грујевски и Бошкоски при бегството од земјава. Рече дека имаат многу податоци, но информациите не се за споделување со јавноста.
Постапката за екстрадиција ја води Министерството за правда и се соработува со грчката страна. Двајцата обвинети во „Таргет- Тврдина“ се во екстрадициски притвор.
Нивното судење е одложено за први декември.
