Пакистан: Налог за апсење на поранешниот премиер Наваз Шариф
26.10.2017 13:44
Судот го одби барањето на адвокатот на Шариф, на поранешниот премиер да му се суди во отсуство...

Пакистански суд издаде наредба за апсење на поранешниот премиер Наваз Шариф, откако тој не се појави на рочиште на судски процес против него, кој се води поради обвиненија за корупција.
Судот го одби барањето на адвокатот на Шариф, на поранешниот премиер да му се суди во отсуство за да може да остане во Лондон каде што се лекува неговата сопруга. Следното рочиште е закажано за 3-ти ноември.
