В.д. претседателот на Кривичен суд, Рибарев поднесе оставка

26.10.2017 14:53

По неговото разрешување ќе продолжи да ја извршува функцијата Судија на Врховниот суд, информираат од Советот. Рибарев од истиот ден отворил и боледување, а за негова замена ќе биде судијката Дијана Груевска-Илиевска.

Вршителот на должноста претседател на Основен суд Скопје 1- Скопје, Стојанче Рибарев, минатиот петок до Судскиот совет доставил писмено известување дека поднесува оставка на функцијата од лични причини.

По неговото разрешување ќе продолжи да ја извршува функцијата Судија на Врховниот суд, информираат од Советот. Рибарев од истиот ден отворил и боледување, а за негова замена ќе биде судијката Дијана Груевска-Илиевска.

Судскиот совет во најкраток можен рок ќе закаже и ќе одржи седница и ќе одлучува во рамките на своите законски надлежности, стои во дописот.