Истокот ја прекина доминацијата на Западот

17.02.2014 13:38

Со најмногу постигнати поени во историјата на ревијалните викенди, Источната конференција ја сопре тригодишната доминација на Западната, победувајќи со 163:155 во Њу Орлеанс Арена.
 
Со најмногу постигнати поени во историјата на ревијалните викенди, Источната конференција ја сопре тригодишната доминација на Западната, победувајќи со 163:155 во Њу Орлеанс Арена.
 
МВП признанието го понесе бекот на Кавалирс, Кајри Ирвинг кој што реализира 31 поен, 14 асистенции и 5 скокови. Блејк Грифин реализира рекордни 19 прецизни удари од игра за 38 поени што останаа запишани зад неговото име, 4 помалку од рекордот на Вилт Чембрлен. Со 9 прецизни во една четвртина и со 10 прецизни удари од поле во едно полувреме, Грифин ги подобри и овие два рекорда.
 
И Кевин Дјурант имаше 38 поени, од рекордните 27 обиди од поле и рекордните 17 обиди за три поени во едно полувреме и на еден натпревар. Грифин и Дјурант го урнаа рекордот на едно дуо на Ол Стар мечевите, едно од 11-те нови достигнувања, со вкупно 76 поени. Кармело Ентони го сруши шутерскиот рекорд, со 8 тројки во неговите 30 поени.
 
Беа срушени и рекордите за најмногу поени во едно полувреме на една и на двете екипи, најдобар процент на реализација од поле, најмногу прецизни шутеви на еден Ол Стар меч, најмногу погодени тројки (16, Истокот), најдобар процент на реализирани слободни фрлања на двата тима и најмалку изведени слободни (9/9, Истокот), најмал број заеднички слободни фрлања (21) и најмногу асистенции на двете страни (88).
 
63-то издание на пресметката меѓу Ѕвездите, помина и во знакот на 51-от роденден на Мајкл Џордан, едно од најголемите имиња во историјата на кошарката.
 
Џон Вол му ја донесе победата на Истокот во забивање, во историската прва тимска пресметка, а Марко Белинели со поен помалку од рекордните 25 ја освои шутерската награда за најдобар тројкаш, во рамките на саботната програма.
 
Тимот на Грент Хил го совлада составот на Крис Вебер, во Рајзинг Старс Челинџот во кој што во петочната програма, поради повреда, не настапи избраниот Перо Антиќ. Следниот Ол Стар викенд ќе се одржи во домот на кошарката, Медисон Сквер Гарден во Њујорк.