Да се обезбеди документација за припадниците на Ромската заедница
Над 10 милиони граѓани во светот немаат потребна документација и остануваат на маргините на општеството, покажува статистиката на невладиниот сектор. Голем дел од нив се припадници на Ромската заедница. Препорака до надлежните власти- да се отстранат бирократските пречки и да се обезбеди документација за нерегистрираните...

Над 10 милиони граѓани во светот, 600.000 во Европа и околку стотици во Македонија живеат без државјанство- покажува статистиката. Поради непоседување на потребната документација тие остануваат на маргините на опшеството, велат од невладиниот сектор. Голем дел од нив се припадници на ромската заедница.
„Без државјанство значи да се живее без националност, без да се има држава каде припаѓаш. Многу луѓе се соочуваат со тешкотии за пристап до нивните основни права, здравствено осигурување, образование, без можност за вработување и слобода на движење“, изјави Лилијан Мари, Европска мрежа за бездржавјанство.
Проблемот е таргетиран во комплексните процедури за добивање на потребната документација.
„Една од најважните препораки на овој проект е до властите на секоја држава во регионот, да обезбедат регистрирање на сите новороденчиња на Ромската заедница. Сакам да им препорачам на одговорните, веднаш да го решат овој проект со немањето на документацијата и да се отстранат сите бирократски пречки“, вели Адам Вајс, директор на Европски центар на Ромите.
„Конкретно државата презема мерки за регистрација, носи законски прописи...“, вели Александра Ефремова, Здружение на млади правници.
Целта на проектот „Невидливи за опшеството“ е да се зајакне влијанието на Ромските граѓански организации во креирањето на политиките за елиминација на административните процедурите и подигање на свеста кај сите граѓани во борбата против дискриминацијата.
Марина Стојанова- Тонева
