Метео: Утре температура до 24 степени, од сабота заладување и дожд
26.10.2017 15:03
Максималната температура ќе достигне до 24 степени. Во Скопје се очекува температура од 22 степена. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста...

Утре во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со слаб до умерен југозападен ветер.
Максималната температура ќе достигне до 24 степени. Во Скопје се очекува температура од 22 степена. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, ветерот ќе го промени правецот во северозападен и ќе дува со повремено засилен интензитет.
Овие временски услови ќе предизвикаат пад на температурата и посвежо време во сабота проследено со локални врнежи од дожд.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
