ДУИ побара поддршка од жителите на Долнени
Карванот на Демократската унија за интеграција беше во селата Дебреше и Житоше во општина Долнени. Лидерот на партијата, Али Ахмети рече дека цврсто стојат зад кандидатурата на Џемил Ќамили. Побара жителите да му дадат поддршка во вториот круг...

Цврсто го поддржуваме нашиот кандидат во оваа општина, Џемил Ќамили, чијшто противкандидат во вториот круг од изборите на 29 октомври е Билал Каришик од СДСМ, рече претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, пред присутните, членови и симпатизери на митингот во Општина Долнени.
„Дезинформациите и деструктивните шпекулации дека ДУИ наводно има направено договори со СДСМ за да ја „продаде“ општината на таа партија, ме натераа да дојдам лично и да ги уверам Албанците од Долнени, дека ДУИ стои цврсто зад својот кандидат во оваа општина, Џемил Ќамили. Дојдов да Ви кажам дека се лажни вестите за тајни пазари. Јас не правам атентат врз волјата на народот. Во коалиција сум со СДСМ. Сме се договориле како партнери таму каде што има потреба СДСМ да ги поддржиме и тие нас, каде ДУИ има потреба. Таму каде што ќе ја водат трката кнадидатите на СДСМ и ДУИ ќе се почитува гласот на мнозинството граѓани“, изајви лидерот на ДУИ, Ахмети.
Кандидатот за градоначалник од ДУИ, Џемил Ќамили, посочи дека жителите не треба да ги слушаат, како што рече, лагите на неговиот противкандидат.
Лидерот на ДУИ ги посети жителите на селата Дебреште и Житоше од општина Долнени.
Фиљана Кока
