Локални избори 2017

Завршува кампањата, од полноќ молк пред вторниот изборен круг

27.10.2017 08:28

Локалните избори ќе се спроведат во 35 општини во кои право на глас имаат 833.710 граѓани, а во вториот круг учествуваат 70 кандидати за градоначалници...

На полноќ завршува изборната кампања пред вториот круг од локалните избори и почнува молкот пред гласањето в недела, 29-ти октомври. Локалните избори ќе се спроведат во 35 општини во кои право на глас имаат 833.710 граѓани, а во вториот круг учествуваат 70 кандидати за градоначалници.

Државната изборна комисија почна со дистрибуција и примопредавање на доверливиот избирачки материјал до Општинските комисии. ДИК информира и дека граѓаните кои се запишани во Избирачкиот список, а на кои рокот на важност на документот за лична идентификација им истекува меѓу двата изборни круга, можат да гласаат единствено со важечка лична карта или патна исправа, и треба да се извади нов документ.

МВР најави дека сите Одделенија за управни работи ќе работат и во деновите од викендот. Барањата в сабота ќе се примаат до 16 часот и 30 минути, а в недела ќе се издаваат лични карти од 7 до 19 часот.