ДЗС: Раст на прометот на индустријата за 6,9% лани
17.02.2014 13:45
Во 2013 година прометот во индустријата бележи пораст од 6,9 % во однос на 2012 година...

Прометот во индустријата во декември 2013 година е за 4,1 % помал во однос на претходниот месец, но за 6,6 % поголем во однос на декември 2012 година, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Во 2013 година прометот во индустријата бележи пораст од 6,9 % во однос на 2012 година.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во декември 2013 година во споредба со истиот месец од претходната година бележи опаѓање од 14 %, а прометот остварен на странски пазари има пораст од 19,6 %.
Во овој период пораст од 23,8 % има во секторот Рударство и вадење на камен, а во секторот Преработувачка индустрија забележан е пораст од 5,7 %.
Пораст од 18,5 % е забележан кај Интермедијарни производи, освен енергија, Капиталните производи пораснале за 57, а Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,6 отсто. Опаѓање се бележи кај Енергија за 96,5 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 15,4 %.
