Трамп: Дел од документите за Кенеди ќе останат тајна
Илјадници новинари, историчари и обични граѓани од вчера систематски ги пребаруваат документите кои се јавно достапни на интернет станицата на Националниот архив на САД.

Американскиот претседател Доналд Трамп дозволи објавување на 2.891 документ поврзан со атентатот на претседателот Џон Кенеди во 1963 година, но нареди над 200 документи од обемното досие да бидат зачувани како државна тајна поради безбедносни причини. Трамп навести дека во иднина може да ја смени оваа одлука и да ги објави сите документи.
Илјадници новинари, историчари и обични граѓани од вчера систематски ги пребаруваат документите кои се јавно достапни на интернет станицата на Националниот архив на САД.
Некои од првичните сознанија укажуваат дека убиецот на Кенеди, Ли Харви Освалд, бил под истрага на ФБИ, но под истрага бил и Џек Руби, кој го застрела Освалд два дена по атентатот, и со тоа спречи потемелна истрага.
