Џафери на конференција на претседатели на парламенти од Западен Балкан
Учесниците на конференцијата ќе се осврнат на темите „ЕУ интеграции: Резултати и аспирации“ и „Безбедносната димензија на соработката во Западен Балкан: Придонес кон стабилноста на Европа“.

На покана од претседателот на унгарското Национално собрание, Ласло Ковер, претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе се обрати на осмата Конференција на претседатели на парламенти од земјите на Западен Балкан, што се одржува во Будимпешта.
Учесниците на конференцијата ќе се осврнат на темите „ЕУ интеграции: Резултати и аспирации“ и „Безбедносната димензија на соработката во Западен Балкан: Придонес кон стабилноста на Европа“.
Во рамките на конференцијата, претседателот на македонското Собрание ќе оствари и неколку билатерални средби со претседателите на парламентите од регионот.
