Продолжен рокот за владината мерка за бесплатен одмор за работници со ниски приходи
Досега над 650 граѓани изразиле интерес за користење на владината мерка, а според средствата што се обезбедени за оваа намена, во износ од 60 милиони денари, се проценува дека бесплатен одмор ќе може да користат 4.000 семејства...

Министерството за економија го продолжи рокот за аплицирање за владината мерка за бесплатен одмор за работници со ниски приходи до 20-ти ноември годинава, за да им овозможи на што повеќе граѓани кои ги исполнуваат условите, да ги достават потребните документи предвидени со јавниот повик.
Досега над 650 граѓани изразиле интерес за користење на владината мерка, а според средствата што се обезбедени за оваа намена, во износ од 60 милиони денари, се проценува дека бесплатен одмор ќе може да користат 4.000 семејства, во вредност од по 15 илјади денари, во еден од 60-те категоризирани угостителски објекти за сместување во Република Македонија кои се пријавија во Министерството за економија.
