Конференција за државно финансирање на граѓански организации
На конференцијата, покрај добрите практики за државно финансирање во регионот и во Словенија, ќе бидат презентирани наодите од националната анализа, во која се дава осврт на државното финансирање на граѓанските организации во земјава.

Македонскиот центар за меѓународна соработка денеска организира конференција за „Предлог модел за државно финансирање на граѓански организации во Македонија”.
На конференцијата, покрај добрите практики за државно финансирање во регионот и во Словенија, ќе бидат презентирани наодите од националната анализа, во која се дава осврт на државното финансирање на граѓанските организации во земјава.
За прв пат ќе биде презентиран и разгледан моделот за реформа на системот за државно финансирање, којшто треба да придонесе за подобрување на финансиската одржливост на граѓанското општество во Македонија.
Конференцијата е дел од партнерскиот проект што го реализира МЦМС, а е финансиран од Европската унија.
