Нови санкции за физички и правни лица во Северна Кореја
27.10.2017 11:28
Во соопштението на американскиот министер за финансии се наведува дека исто така цел се и оние кои финансиски го помагаат режимот со помош на странска валута, заработена преку принуден труд.

САД соопштија дека воведуваат санкции кон седуммина високи севернокорејски претставници и три правни лица, поради сериозни прекршувања на човековите права.
Во соопштението на американскиот министер за финансии се наведува дека исто така цел се и оние кои финансиски го помагаат режимот со помош на странска валута, заработена преку принуден труд.
Специјалниот известител на ОН за прашањата околу човековите права во Северна Кореја изјави дека санкциите воведени кон Пјонгјанг од страна на ОН, може да придонесат за влошување на човековите права во земјата.
