Германија: Проблеми околу миграциската политика
27.10.2017 11:41
ЦСУ има најтврд став по прашањето на мигрантите и бара ограничување на бројот на странци кои Германија може да ги прими...

Преговорите за формирање на новата германска влада се одложени поради различни ставови меѓу потенцијалните коалициски партнери околу миграциските политики.
Преговорите се водат меѓу Христијанско- демократската унија (ЦДУ) на Ангела Меркел, нејзината баварска сестринска Христијанско- социјална унија (ЦСУ), партијата Зелени и либералната Слободна демократска партија (ФДП).
Од нив, ЦСУ има најтврд став по прашањето на мигрантите и бара ограничување на бројот на странци кои Германија може да ги прими во текот на една година по сите основи.
