Џејмс Матис во посета на Јужна Кореја

27.10.2017 12:49

Шефот на Пентагон утре ќе се сретне со јужнокорејски високи претставници на редовни годишни консултации за прашања поврзани со одбраната на Корејскиот Полуостров.

Американскиот министер за одбрана Џејмс Матис пристигна во Јужна Кореја, каде што ќе се сретне со неговиот јужнокорејски колега и со американски воени команданти со кои ќе разговара за чекори кои треба да се преземат против севернокорејската нуклеарна програма.

Шефот на Пентагон утре ќе се сретне со јужнокорејски високи претставници на редовни годишни консултации за прашања поврзани со одбраната на Корејскиот Полуостров.

Планирано е Трамп во ноември да ја посети Јужна Кореја.