МЗ: Уште 60 лица побарале лекарска помош во Гостивар

27.10.2017 12:57

Од епидемиолошките и другите спроведени мерки, со сигурност може да се констатира дека не постои поврзаност за консумирање храна од еден ист објект, соопшти Министерството за здравство.

Bо текот на ноќта во Општата болница во Гостивар, лекарска помош побарале уште 60 лица со симптоми на дијареја и изнемоштеност. Од епидемиолошките и другите спроведени мерки, со сигурност може да се констатира дека не постои поврзаност за консумирање храна од еден ист објект, соопшти Министерството за здравство.

Во тек е обработка на податоци по што надлежните институции ќе излезат со подетално соопштение. Од податоците и информациите кои ќе ги добијат од подрачниот Центар за јавно здравје, доколку има потреба инспекторатот ќе издаде решение со конкретни мерки, стои во соопштението.

Во изминатите четири дена над илјада лица со зголемена температура, малаксаност и стомачни тегоби побарале медицинска помош на Инфективното одделение во гостиварската општа болница.