ВМРО-ДПМНЕ: МВР целосно се злоупотребува во политички цели

27.10.2017 13:01

Според ВМРО-ДПМНЕ, се потврдува фактот дека МВР целосно се злоупотребува во политички цели и за потребите на владејачката партија.

Министерот за внатрешни работи Спасовски постапува исклучиво како потпредседател на СДС и преку партиски соопштенија се обидува да го сокрие изборниот криминал, обвини денеска ВМРО-ДПМНЕ. Според оваа партија, со ова потполно се потврдува фактот дека МВР целосно се злоупотребува во политички цели и за потребите на владејачката партија.

МВР продолжува да молчи и да не ги расчистува очигледните изборни нерегуларности. СДС одговара во името на МВР. Очигледно е дека СДС ја претвори државата во партија, а партијата во држава штом наместо МВР, СДС одговара за прашања кои се исклучиво во надлежност на Министерството и се однесуваат на професионалното и законско постапување во насока на обезбедување на лична и јавна сигурност на граѓаните, реагира Оливер Андонов од ВМРО-ДПМНЕ.