Рахој: Прв потег- смена на Пуџдемон

27.10.2017 13:06

Шпанскиот Парламент ја почна седницата на која треба да одлучи за смена на каталонската Влада. Во Барселона се очекува седница на регионалниот Парламент на која би можел да се најде предлогот за одвојување од Шпанија.

Шпанскиот Сенат ја почна седницата на која се гласа за смена на каталонската Влада, откако регионот на 1-ви октомври одржа референдум за независност. Сенатот гласа за активирање на членот 155 од шпанскиот Устав кој би довел до воведување принудна управа на Мадрид над Каталонија. Рахој наведе дека она што се случува во Каталонија претставува јасно кршење на законот, демократијата, правата на сите и дека тоа ќе има последици. Исто така истакна дека ако се усвојат мерките, првиот потег на шпанската влада ќе биде смена на лидерот Карлес Пуџдемон.

Првото нешто што го предложи Владата е поврзано со целта да се одржуват избори во Кататонија. За да го стори тоа, ако Сенатот реши така, моќта за распуштање на Парламентот на Каталонија ќе премине на претседателот на Владата на Шпанија кој мора да распише избори во рок од најмногу шест месеци. Ви кажувам дека мојата волја е да ги прославам што е можно поскоро“, изајви шпанскиот премиер Марјано Рахој.

Рахој изјави дека во Каталонија имало обид за игнорирање и прекршување на законот и порача дека специјалните овластувања не значат одземање на слободата на Каталонците, туку нивна заштита. Додаде дека мерките коишто ги предложила неговата влада во Сенатот се единствениот излез од актуелната криза.

Медиумите наведуваат дека се очекува сенаторите, меѓу кои повеќето се претставници на Народната партија на Рахој да ги усвојат мерките за преземање на контролата над Каталонија.

Во Барселона се очекува да се одржи седница на Парламентот на која би можел да се најде предлог за изгласување на одвојување од Шпанија.

Пуџдемон ја отфрли опцијата за распишување предвремени регионални, избори бидејќи не добил доволно гаранции од централната влада на Шпанија дека тој потег ќе го запре воведувањето директна контрола на Мадрид над Каталонија.

 

Марина Ристова