ЕЦБ ја задржа основната каматна стапка
На средбата на Управниот совет на ЕЦБ е донесена одлука и за намалување на обемот на откуп на обврзници од јануари 2018-та година за една половина, на ниво од 30 милијарди евра месечно.

Европската Централна банка, како и што се очекуваше, реши да ја задржи основната каматна стапка на ниво од нула насто. Од друга страна, ЕЦБ реши каматата на средствата депонирани во нејзиниот трезор да изнесува -0,4 проценти, односно банките да плаќаат за чувањето на депозитите во Централната банка.
На средбата на Управниот совет на ЕЦБ е донесена одлука и за намалување на обемот на откуп на обврзници од јануари 2018-та година за една половина, на ниво од 30 милијарди евра месечно.
По оваа најава, вредноста на еврото во однос на американскиот долар се намали за 0,4 отсто, односно едно евро се менува за 1,176 американски долари.
