ФЕИТ домаќин на натпреварот по „Лабвју“

27.10.2017 13:18

На натпреварот учествуваат 23 натпреварувачи од Словенија, Хрватска, Србија и Македонија. Натпреварувачите се избрани како најуспешни студенти од „Лабвју“ академиите на земјите учеснички.

Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје, ФЕИТ, е домаќин на седмиот балкански натпревар по „Лабвју“- графички програмски јазик за студентите од областа на техничките науки, кој почнува денеска, а победниците ќе бидат познати во текот на утрешниот ден.

На натпреварот учествуваат 23 натпреварувачи од Словенија, Хрватска, Србија и Македонија. Натпреварувачите се избрани како најуспешни студенти од „Лабвју“ академиите на земјите учеснички.

Покрај натпреварувачите, секој тим е придружен со двајца професори, кои учествуваат во координативните активности за реализација на натпреварот и дефинирање на проектната задача.