Првообвинетиот за грабежот во НЛБ се извини, не се знае каде се парите
На денешното рочиште во скопскиот Кривичен суд, првообвинетиот за грабежот во НЛБ Банка се покаја и изрази жалење, а парите како што кажа му биле за покривање на долгови. Остана неодговорено прашањето каде се украдените пари. Највисоката казна која ја бара Обвинителството е десет години затвор.

Изразувам жалење, се каам и им се извинувам на сите засегнати во овој случај, рече во завршните зборови прообвинетиот- трезорист за грабежот во НЛБ Банка. За првпат посочи дека парите ги украл оти бил во долгови и под закани, и тој и семејството. Им се извини на останатите обвинети што несвесно и не намерно ги вмешал во нешто што тие не знаеле дека ќе го сторат. Од судот ги побара нивните казни за себе.
Трезористот рече дека губењето самоконтрола го довело да го стори кривичното дело. За себе кажа дека бил примерен, а до кражбата не бил криминалец, ниту имал криминален ум. Вели, еднаш во животот сум згрешил и по стореното дело, се пријавив кај директорот. Рече, дека колку е поблага казната и колку побргу се врати во општество ќе почне побрзо да ја надоместува штетата во банката. Им се извини на своите родители за нанесениот стрес и срам, на својата сопруга која ја оставил со две малолетни близначиња, на својот внук кој го оставил без татко. Се извини на банката за нарушениот углед. Остана неодговорено каде се украдените пари.
„Парите очигледно не се вратени, прв пат денеска обвинетиот кажа дека парите не се земени од лукративни причини, туку од причина што навистина имал сериозни проблеми, а каде се нависнита не знам“, вели адвокатот Драган Пешевски.
Каење и жалење пред судот изрази и второобвинетиот, братот на трезористот, кој бил вработен во Народна банка, посочувајќи дека цел работен век работел чесно и немал ниедна дамка во неговиот живот. Слични завршни зборови имаа и третиот и четвртиот обвинет. За сторените дела затајување и тешка кражба, обвинителката побара највисоки зани, посочувајќи ги како олеснителни околности за сите дека не биле осудувани, ниту протв нив не се водела друга кривична постапка.
Највисоката казна која би можел судот да ја изречи за двете сторени дела на трезористот е 10 години затвор.
Наташа Гркова- Петрушевска
