Македонски државјани уапсени кај Славонски Брод со 6,5 килограми хероин
Вредноста на дрогата на црниот пазар се проценува на над сто илјади евра.

Тројца македонски државјани се во притвор во Хрватска, откако во вторникот, на граничниот премин кај Славонски Брод се обиделе да прошверцуваат околу 6,5 килограми хероин, информира Бродско- посавската полиција. Вредноста на дрогата на црниот пазар се проценува на над сто илјади евра.
При граничната контрола, полицијата се посомневала во веродостојноста на возачката дозвола на 40-годишниот маж кој управувал со автомобил со македонски регистарски таблички. Во возилото имало уште двајца македонски државјани, еден 40-годишен маж и 30-годишна жена.
Полицијата утврдила дека дозволата е фалсификувана, па заедно со цариниците почнале преглед на возилото, при што во долниот дел биле забележани сомнителни пакети.
