Раздор во ССМ пред вонредниот Конгрес

27.10.2017 16:00

Пред вонредниот Конгрес на Сојузот на синдикатите на 11-ти ноември, раздор во најголемиот синдикат. Од УПОЗ реагираат поради одбивањето на кандидатурата на Пецо Грујовски поради немање на потребната поддршка од останатите членки на Синдикатот за да се одржи Конгресот. На собирот ќе се гласа за само една кандидатура, на в.д. претседателот Дарко Димовски..

Раздор во Сојузот на синдикатите пред претстојниот вонреден конгрес закажан за две недели кога треба да се избере нов претседател на ССМ. Според Претседателството, само кандидатот Дарко Димовски ги исполнува критериумите за кандидат за претседател на ССМ. Претседателот на УПОЗ Грујоски, обвинува за манипулации, вели дека на последната седница на претседателството биле прекршени критериумите.

Дел од гранковите синдикати ги отфрлија обвинувањата и истакнаа дека сѐ е легитимно околу кандидатурата на Димовски. Тие тврдат дека Димовски има поддршка од 12 гранкови синдикати, а Грујоски од пет. Во ССМ има 17 гранкови синдикати, а најмалку, една третина се шест Синдикати, рече Ајтов од Синдикатот на одбраната.

До Претседателството на ССМ биле доставени три кандидатури за претседател- на Димовски, на Грујовски и на претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Ацо Антовски.

 

Дијана Ценевска