Метео: Променливо време за викендот
27.10.2017 16:16
Максималната температура ќе достигне до 16 степени, во Скопје до 13 степени.

Во текот на викендот во Македонија ќе преовладува променливо облачно време. Утре во претпладневните часови во поголем дел од земјава се очекува облачно, студено и ветровито време со локални врнежи од дожд.
Попладне облачноста ќе се намалува. На планините се можни врнежи од слаб снег. Максималната температура ќе достигне до 16 степени, во Скопје до 13 степени.
Во недела претпладне сончево, а попладне ќе настапи ново наоблачување со тенденција да донесе нови локални врнежи кон крајот на денот и во ноќните часови кон понеделник.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
