Ахмети: Поддржете је најдобрата опција за Гостивар

27.10.2017 16:20

Кандидатите за градоначалници и лидерот на ДУИ со финални пораки до гласачите. Ахмети побара граѓаните да ги поддржат нивните предлози. Вети оти со поддршка од централната власт ќе се реализираат проектите.

Поддржете је најдобрата опција за Гостивар – рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети на митингот во оваа општина. Рече дека нивниот кандидат за градоначалник, Невзат Бејта ги остварува дадените ветувања и го направил градот поубаво место за живеење.

„Обично, кога доаѓам на средби, ме интересираат опонентите, кои се тие и што му ветуваат на народот. Ми остави впечаток „Гостивар прв“. Да излезеш денес со ова мото значи дека си губитник. Не го прогласив јас Гостивар прв. Верувајте, меѓународните организации кои направија истражувања и анализи за работата на општина Гостивар, за работите во сите општини во Република Македонија, Гостивар го прогласија за прв. Токму на Невзат Бејта му беше доверен уште еден мандат, бидејќи сум многу сигурен дека со него го градиме утрешен Гостивар“- изјави Али Ахмети, претседател на ДУИ.

Ахмети рече дека зад кандидатите на ДУИ и нивните програми стојат тој лично, извршната и законодавната власт, како гаранција за исполнување на ветувањата.

„Ја имаме поддршката на централната власт, па и во локалната власт ќе ни биде многу полесно да ја реализираме нашата предизборна програма“– изјави Невзат Бејта, кандидат за градоначалник на Гостивар.

Интегративците рекоа дека на 29-ти октомври, во вториот круг од локалните избори ќе изјвојуваат уште една победа.

 

Мартин Пушевски