Бакиу побара поддршка од жителите на Сарај
27.10.2017 16:25
Кандидатот на движењето БЕСА за градоначалник на Сарај, Башким Бакиу рече дека нема да бидат толерантни при загрозување на изборниот процес. Побара в недела слободно да се гласа и граѓаните да го одредат идниот правец по кој се движи општината.

Кандидатот на БЕСА за градоначалник на Сарај, Башким Бакиу го бара гласот од жителите на општината. Вети проекти за подобра инфраструктура, поздрава животна среднина, искористување на потенцијалите на Сарај.
Очекува коалицијата со Алијансата на Албанците да донесе големи промени кон подобро.
Бекиу вети напредок и развој на заеницата. Апелираше вториот круг од изборите да помине во фер и демократска атмосфера. Рече дека ќе имаат нулта толеранција за нерегуларности на процесот.
Игор Панов
