Груевски: Да им покажаме дека не можат да си поигруваат со народот

27.10.2017 16:28

Карванот на коалицијата „За подобра Македонија“ е во Кисела Вода, откако се претстави во Македонски Брод. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски побара граѓаните в недела масовно да излезат на гласање и да покажат дека не потпаѓаат под притисоци. Кандидатот за градоначалник Војнески вети чесна и одговорна работа.

Да не потпаѓаме под уцените, притисоците и заканите. Масовно да излеземе в недела и да им покажаме дека не можат да си поигруваат со народот, на нивните хајки да им одговориме со Вмровски пркос- рече лидерот на партијата, Никола Груевски на средбата со граѓани во Македонски Брод.

Според Груевски, власта го украла првиот круг од локалните избори, а сега како што вели, се обидува тоа да го стори и во вториот. Тој рече дека се заплашуваат нините кандидати за градоначалници, се прислушува раководството на партијата, и како што кажа, имаат информации дека нивни членови се и физички следени. Ова го пријавиле во полиција, но како што рече Груевски, оттаму немало никаков одговор и реакција. Груевски изјави дека полицијата наместо да ја спроведува правдата, таа ги прекршува законите. Помина еден месец откако беа искршени штабовите, претепани наши коалциски партнери, а полицијата нема реакција, ниту сторителите се откриени- рече Груевски. Вели оти нашата борба за Македонија ќе ја врати правдата. Зборуваа за заробена држава, а тие сега тоа го спроведуваат на дело, рече тој во Македонски Брод.

Македонија е сериозно економски разнишана, а секоја недела сѐ пониска е и прогнозата за економскиот раст, рече Груевски пред граѓаните. Тој кажа дека просечната плата се намалува, пензиите не растат, заборавени се покачувањата на платите за докторите, но како шо рече, владата не заборавила да го потпише штетниот Договор со Бугарија. Груевски побара референдум за договорот, а крајната цел на сето ова, рече Груевски, е промена на името и на идентитетот на државата. На средбате со граѓаните во Македонски Брод тој побара поддршка од за нов мандат на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Милосим Војноски. Рече дека тој е проверен човек, кој сработил многу за оваа општина и така ќе продолжи и во иднина. Имаме мнгу проекти во новата ера за овој град - рече Груевски.

Војнески пред сограѓаните ја претстави својата програма. Вети дека ќе работи чесно и одговорно како и досега. Ги повика масовно в недела да го дадат гласот за ВМРО- ДПМНЕ.

Од Македонски Брод изборниот карван на ВМРО- ДПМНЕ продолжи на средби со жителите на Могила и Новаци.

 

Викторија Милевска