СДСМ најави победа во уште 10 општини

29.10.2017 21:06

Граѓаните гласаа фер и демократски и ги заокружија промените низ цела Македонија, истакна Туфегиќ.

Според првичните резултати на СДСМ, нивните кандидатите имаат извесна победа во општините Бутел, Градско, Карбинци, Кисела Вода, Македонски Брод, Могила, Новаци, Старо Нагоричане, Чашка и Штип, информираше Ивана Туфегиќ.

Граѓаните гласаа фер и демократски и ги заокружија промените низ цела Македонија, истакна Туфегиќ.

Таа рече дека и во вториот круг од локалните избори граѓаните  ја дале довербата за концептот што го промовирала коалицијата предводена од СДСМ формирана за предвремените парламентарни избори, која продолжи и на овие локални избори.