Претседателот Иванов во работна посета на Обединетото Кралство
Во Лондон, шефот на државата ќе има одвоени средби со спикерите на Долниот и на Горниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркау и Лордот Фаулер. Иванов ќе одржи предавање на Оксфордската унија и ќе има средба со претседателот на универзитетот „Оксфорд“, Лорд Крис Патен.

Претседателот Иванов е во работна посета на Обединетото Кралство. Во Лондон, шефот на државата ќе има одвоени средби со спикерите на Долниот и на Горниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркау и Лордот Фаулер.
Иванов ќе одржи предавање на Оксфордската унија и ќе има средба со претседателот на универзитетот „Оксфорд“, Лорд Крис Патен.
Според соопштението од кабинетот на Иванов, македонскиот претседател ќе има обраќање во Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатам Хаус“ на тема „Македонија, миграциите и безбедноста- научени лекции“.
За време на посетата на Обединетото Кралство, Иванов ќе оствари средби со претставници на македонската дијаспора и ќе ја посети црковната општина „Свети Ѓоргија“ во Брајтон.
