Тече рокот за приговори до ДИК за гласањето во вториот круг
30.10.2017 10:49
Комисијата е должна да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на приговорот...

Тече рокот од 48 часа во кој партиите можат да поднесат приговори до Државната изборна комисија за текот на гласањето и за резултатите од вториот круг. Комисијата, пак е должна да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на приговорот.
Против одлуката на Комисијата може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Судот пак одлуката ја носи во рок од 48 часа, која е конечна.
