Коѕијас: Освен името, главен проблем е иредентизмот

30.10.2017 10:53

„Нивната земја е дар од Бога, но проблемот е што избрале погрешен кум. Разликите во името не значат дека Грција има какви било планови за нејзина реогранизација или дезинтеграција“, вели Коѕијас во изјава за грчките медиуми.

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас изјави дека разликите за името не значат дека Грција е против постоењето на Македонија. Смета дека освен името, главен проблем е иредентизмот.

„Нивната земја е дар од Бога, но проблемот е што избрале погрешен кум. Разликите во името не значат дека Грција има какви било планови за нејзина реогранизација или дезинтеграција“, вели Коѕијас во изјава за грчките медиуми.

Најавува дека Македонија и Грција ќе формираат комитет, кој ќе направи ревизија на учебниците и ќе се обиде да ги надмине несогласувањата во однос на историскиот контекст.

Немаме ништо против да погледнеме во нашите книги и ако во нив има нешто погрешно, немам ништо против да биде коригирано, рече Коѕијас.